понеделник, јануари 26, 2026
Дома СКОПСКА Украдени летниковците поставени на трим-патеката од Ајватовци до Бучинци

Украдени летниковците поставени на трим-патеката од Ајватовци до Бучинци

124

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, сподели на „Фејсбук“ дека летниковците што биле поставени на трим-патеката од Ајватовци до Бучинци, биле украдени.

– Мораме да ги чуваме јавните добра. Сите инвестиции Општината ги реализира со пари од граѓаните и мора да го чуваме заедничкото. За жал, дел од урбаната опрема што ја поставуваме, а се работи за летниковците поставени на трим-патеката од Ајватовци до Бучинци, е украдена и е пријавено во полиција – напиша Георгиевски на „Фејсбук“.

Воедно, тој апелираше до граѓаните да ги чуваат јавните добра, сите оштетувања и оштетувачи да се пријавуваат до Општината, бидејќи, како што вели, само така може да има модерна општина која е убаво и пријатно место за живеење на сите.

ИЗДВОЕНИ