Украден Макрон од музеј!

109
EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Статуа на францускиот претседател Емануел Макрон е украдена од музејот Гревен, во кој се наоѓа најголемата колекција на восочни фигури во Франција, објави радио Франсинфо.

Според прелиминарните наоди, рано утрово две жени и еден маж, маскирани како вработени во музејот, ја украле статуата и ја изнеле од зградата преку излез за итни случаи, завиткувајќи ја во ќебе.

Подоцна, непознат маж го контактирал музејот по телефон, претставувајќи се како активист на меѓународната организација „Гринпис“ и ја преземал одговорноста за кражбата.

Управата на музејот веднаш го пријавила инцидентот во полиција.

Според „Франсинфо“, вредноста на скулптурата е околу 40.000 евра.

Ова не е прв пат статуа да биде украдена од музеј. Во 1980 година, група моторџии, незадоволни од воведувањето на нов данок на двотркални возила, украле статуа на претседателот Валери Жискар д’Естен.

Во 1993 година, непознати лица ја украле фигурата на идниот француски претседател, Жак Ширак, кој во тоа време бил градоначалник на Париз.

ИЗДВОЕНИ