вторник, јануари 27, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Укинување на царините и пристап до пазар од 1,45 милијарди луѓе: Што...

Укинување на царините и пристап до пазар од 1,45 милијарди луѓе: Што носи договорот меѓу ЕУ и Индија?

55
EPA/RAJAT GUPTA

Индија и Европската Унија вчера постигнаа „значаен“ договор за слободната трговија, што се смета за најголем досега, изјави индискиот премиер Нарендра Моди.

Во своето обраќање на Неделата на енергијата во Индија, Моди денеска договорот го нарече „мајка на сите договори“, пренесува Си-ен-би-си (CNBC).

Тој рече дека договорот, што ги надополнува постојните договори на Индија со Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија, ќе биде особено корисен за клучните сектори на индиската економија.

Според Си-Ен-Би-Си, договорот ќе создаде пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии.

Се очекува Моди и претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, да дадат заедничка изјава на самитот Индија-ЕУ во Њу Делхи подоцна во текот на денот, откривајќи ги деталите од договорот што е во подготовка речиси две децении.

ЕУ и Индија се втора и четврта економија во светот. Трговијата меѓу двете страни досега изнесуваше над 180 милијарди евра годишно, а се очекува овој договор да го удвои извозот на стоки од ЕУ во Индија до 2032 година со елиминирање или намалување на царините на 96,6 проценти од извозот на стоки од ЕУ во Индија. Генерално, намалувањето на царинските давачки ќе донесе заштеди од околу четири милијарди евра годишно на царинските давачки за европски производи, според Комисијата.

Потпишаниот договор е најголемиот што Индија досега го договорила со трговски партнер. Договорот треба да им обезбеди на европските компании привилегиран пристап до најнаселената земја во светот со 1,45 милијарди луѓе и најбрзо растечката голема економија, со годишен БДП од 3,4 трилиони евра.

ИЗДВОЕНИ