Укината е забраната за движење во шума и шумско земјиште. Првично, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште од први јули до 31 август, но, поради шумските пожари кои владееја во земјава, беше продолжена до 30 септември.

Од ЈП „Национални шуми“ апелираат до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина.

ИЗДВОЕНИ