Во периодот од 4.8 до 10.8 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе-барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.
Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места, каде што во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од вкупно 383 контролирани субјекти, кај 27 %, односно кај 106 од контролираните субјекти биле констатирани неправилности, согласно со Законот за регистрирање на готовински промет.
За утврдените неправилности, донесени се 106 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно со големината на субјектот. За пет субјекти, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).