сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

15

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.

Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата.

Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок.Во меѓувреме, додека трае постапката, УЈП презеде навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени.

ИЗДВОЕНИ