УХМР со прогноза до крајот на месецов: Облачно со дожд, ветер и невреме

103

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецот времето ќе биде пороменливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 л/м2).

Во Скопје, до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

ИЗДВОЕНИ