УХМР со предупредување: Доаѓа нов топлотен бран, од утре над 40°C

285

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за претстојниот период, најавувајќи сончево и многу топло време под влијание на топла воздушна маса од југ. Високите температури ќе продолжат во текот на целата наредна работна седмица.

За утре, понеделник (21.07.2025), се очекува времето да биде сончево и многу топло. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а на места ќе достигне и до 40°C.

Во текот на целата работна седмица, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а на места ќе достигне и 40°C.

ИЗДВОЕНИ