четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА УХМР издаде предупредување за врнежи и силен ветер

УХМР издаде предупредување за врнежи и силен ветер

162

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување за денеска, 24 март 2025 година. Според најавите, во текот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, како и засилен јужен ветер, кој на места ќе надмине брзина од 60 километри на час.

Граѓаните се советуваат на претпазливост, особено во планинските и отворените подрачја каде ветерот може да предизвика дополнителни проблеми.

Возачите да бидат внимателни поради можност од намалена видливост и влажни коловози, предупредуваат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ