Угина гибонката Софи

63

Од Скопската зоолошка градина информираа на седумгодишна возраст угинала гибонката Софи.

Оттаму додаваат дека Софи пред 12 дена пројавила симптоми на малаксаност и отежнатост во движењето, при што стручен ветеринарен тим веднаш реагирал. Софи потоа веднаш примала терапија, а и биле направени лабараториски дијагностики.

-Нејзината состојба беше секојдневно следена и очекувавме подобрување, но во неделата ситуацијата одеднаш се влоши и иако нашиот тим направил се во моментот за реанимирање, за жал таа не издржа  – соопштија од Зоолошката

Од Управата на Зоолошката велат  дека денеска ги добиле и наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за угинувањето, според кои Софи од видот белорак гибон била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR метода на Институтот за ветеринарна медицина.

-Веднаш е известена Агенцијата за храна и ветерина и од наша страна се превземени мерки за дезинфекција и поставување дез бариери. Живеалиштето на гибоните е изолирано од други животни, а ќе бидат направени и дополнитени испитувања на останатите единки од групата – наведуваат од Скопската зоолошка градина и додаваат  дека вакви случаи на заболување кај животни се појавуваат во сите светски зоолошки и оти ова не е изолиран случај само од Скопската зоолошка.

-Софи беше чувана со многу љубов, постојано весела и една од најактивните гибони, движејќи се секојдневно по дрвјата на езерцето. И за нас вработените, нејзиното заминување е шок, направивме се што можевме, но како и кај луѓето понекогаш болеста не може да се спречи- децидни се од Зоолошката.

 

ИЗДВОЕНИ