Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 1:0 и се квалификуваше за Лигата на шампионите, а на церемонијата на доделување на медалите видовме сцена што не треба да ѝ се случува на сериозна организација како УЕФА. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, им додели златни медали на играчите на Тотенхем, но кога дојде редот на клучните играчи од одбраната, средниот ред и од нападот, Кристијан Ромеро, кој беше прогласен за играч на натпреварот, Родриго Бентанкур и капитенот Хеунг Мин Сон останаа без медали.

Кога сфати дека нема повеќе медали за делење, Чеферин се сврте кон луѓето од протоколот и по краток разговор со нив, им се извини на трите ѕвезди на Тотенхем со насмевка и се ракуваше со нив.

Значи, фотографијата од победничкиот тим сигурно ќе влезе во историјата, бидејќи капитенот со пехарот в раце нема медал околу вратот.

ИЗДВОЕНИ