УЕФА се извини по невидениот срам во финалето на Лига Европа

144
EPA-EFE/LUIS TEJIDO

Европската фудбалска централа (УЕФА) се извини за недостатокот на медали на церемонијата на доделување награди за освојувачите на титулата во Лигата на Европа, Тотенхем Хотспур, по нивната победа во финалето над Манчестер Јунајтед во средата.

Капитенот на лондонскиот тим, Хеунг-мин Сон, и уште двајца играчи кои беа последни во редот останаа без награди и со празни раце. Сон дури и го крена пехарот без медал околу вратот.

-На наша голема жал, немавме доволно медали на располагање за церемонијата поради неочекуван број играчи. На церемонијата учествуваа повеќе членови од очекуваното, вклучувајќи ги и повредените играчи. Медалите наскоро ќе бидат доставени во соблекувалната на победниците, кои можат да ги прифатат нашите најискрени извинувања, соопшти УЕФА, цитирана од британските медиуми.

ИЗДВОЕНИ