Немањето врнежи и неработењето на хидросистемот „Ѓавато“ предизвика последниве години континуирано да се намали нивото на водата во Дојранското Езеро. Тоа предизвика и намален број посетители и послаби туристички ефекти.

Инаку, заврши првата фаза на санирање на хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски информира дека бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување.

– На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта се монтирани две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 – извршено е заварување со дупли лимови. Останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе биде дуплирано количеството вода кое ќе се влева во Дојранското Езеро – најави Мицкоски.

Повеќе од четири години се пробиени цевките на двата функционални бунари. Потрошени се повеќе од половина милион евра за електрична енергија, а ефектот е минимален или никаков. Функционални се два од десет направени бунари.

– Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското Езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно, во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија – рече Мицкоски.

Градоначалникот на Дојран кој ја поздрави одлуката на Владата да се санира хидросистемот „Ѓавато“ најавувајќи дека наскоро ќе се стави и во функција новата пречистителна станица.

ИЗДВОЕНИ