петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Училница и мини спортска сала во училиштето „Ристо Крле“

Училница и мини спортска сала во училиштето „Ристо Крле“

14

Општина Илинден и понатаму активно инвестира во подобрување на воспитно-образовниот процес. Со нови конкретни инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во населените места Бунарџик и Кадино, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите за учење во сите делови на општината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во реализираните активности во подрачното училиште во Бунарџик, при што истакна дека инвестициите во образованието се еден од највисоките приоритети на локалната самоуправа.

-Годината ја започнуваме стабилно и одговорно, со вложувања во најмладите и најважни жители на нашата општина. Ќе продолжиме континуирано да работиме на подобрување на воспитно-образовниот процес и создавање современи услови за сите ученици – нагласи Георгиевски.

Од Општина Илинден информираат дека во рамки на инвестициите, во ПООУ „Ристо Крле“ во Бунарџик била адаптирана просторија за одделенска настава, како и мини сала за физичко и здравствено образование, опремена со соодветни спортски реквизити.

-Во централното училиште во Кадино поставени се нови чешми и сензорни диспанзери за течен сапун, извршена е целосна замена на вентилните топсифони и огледалата во тоалетите. Дополнително, училишната библиотека е збогатена со околу 300 нови лектирни изданија – нагласуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека остануваат силно посветена на создавање квалитетни услови за образование, унапредување на инфраструктурата и обезбедување  еднакви можности за сите ученици, градејќи стабилна и сигурна иднина за младите генерации.

ИЗДВОЕНИ