недела, јануари 18, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето „Свети Климент Охридски“ со нова енергетска фасада

Училиштето „Свети Климент Охридски“ со нова енергетска фасада

53

Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Општина Бутел доби нова енергетска фасада, со површина од 3.000 квадратни метри.

– Ова е уште едно барање што го реализираме во заеднички разговор со родителите. Со ова, значително ќе се подобрат условите за настава и дополнително ќе се заштеди на енергија – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Вредноста на овој проект е 11.000.000 денари.

Костовски потенцираше дека е променет ликот на ова училиште и со инвестирањето во нови игралишта, кабинети по информатика и во нов училиштен мебел.

ИЗДВОЕНИ