Премиерот Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи, информира дека се реализира проектот за изградба на училишна фискултурна сала во ООУ „Наум Охридски“, во населено место Црешево, во Општина Гази Баба.
Мицкоски наведе дека проектот опфаќа реализација на современ спортски објект без гледалиште, наменет за изведување на наставата по физичко образование и на рекреативни активности.
– Со изградбата на овој објект се создаваат безбедни, функционални и современи услови за физичка активност на учениците, што директно придонесува за нивниот здрав развој, зголемена физичка активност и подобар квалитет на образовниот процес. Проектот претставува значаен чекор во унапредувањето на училишната инфраструктура и вложување во иднината на младите генерации – истакна Мицкоски во објавата.
Инвестицијата изнесува 33.047.868 денари, а средства обезбедени од буџетот на Владата, преку Министерството за образование и наука.












