Училиштето „Гоце Делчев“ ќе добие кошаркарско игралиште 

31

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави дека започнала изградбата на ново кошаркарско игралиште во ООУ „Гоце Делчев“, во Горно Лисиче.

– Новото игралиште, чија изградба се очекува да заврши пред почетокот на новата учебна година, претставува современ простор што ќе им овозможи на учениците и на љубителите на спортот да ги развиваат своите спортски вештини, особено во кошарката, но и да учествуваат во различни спортски активности што промовираат здрав начин на живот, тимска работа и личен развој – истакна Митески.

Тој информираше дека, покрај изградбата на нов спортски терен, во училиштето се вршат и инвестициски активности поврзани со реновирање на училишната зграда, како и опремување на училниците со нов канцелариски мебел, со цел да се подобрат условите за настава.

– Овие мерки се дел од стратегијата за создавање современа и функционална образовна средина, каде што наставниците и учениците ќе имаат соодветни и современи услови за квалитетна работа и за учење – потенцираше Митески.

 

ИЗДВОЕНИ