Училиштето „Димо Хаџи Димов“ со најубав еко – двор во Карпош

48

Во трката за најдобро уреден еко училишен двор помеѓу осум основни училишта во Општина Карпош, ООУ ,,Димо Хаџи Димов” ја доби првата награда со освоени 600 бодови.

Според Комисијата за најдобро уреден еко-училишен двор/катче која брои седум членови, петорица од Советот на Општина Карпош и двајца административни службеници од Секторот за екологија и бараните критериуми како основни за учество во овој натпревар, одлуката падна, второ рангирано училиште да биде ООУ ,,Петар Поп Арсов”, со 556 освоени бодови, додека третото место го освои ООУ ,,Владо Тасевски”, со 501 бод.

За својот труд и осварувања, Општина Карпош го награди прворангираното училиште со еднократен финансиски надоместок од 70.000 денари, додека пак, второпласираното училиште доби награда во висина од 50.000 денари, а пак третопласираното училиште доби финансиски средства од 30.000 денари. За своето учество останатите основни училишта добија пофалници.

Станува збор за реализирање на дел од Програмата за активностите во областа на образованието за 2025 година, за која локалната самоуправа распиша Јавен оглас за сите  основни училишта на своја територија, притоа наведувајќи ги општите услови за учество, како и критериумите за доделување награди за најдобро уреден еко-училишен двор.

-Еден од условите беше овие училници да се направат со заеднички труд на наставниот кадар, учениците и родителите и за нив да се користат еко – материјали. Токму заедничкото креирање, осмислување на еден простор, придонесува кај младите да се развива поголема свест за јавните добра. Да ги чуваат предметите, инвентарот, а притоа да создадат нешто корисно за себе, за училиштето, за околината – информираат од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ