ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ е првото основно училиште во Oпштина Ѓорче Петров во кое е имплементиран современ и енергетски ефикасен систем за греење со топлински пумпи.
Овој модел претставува пример кој ќе биде применет и во останатите училишта на територијата на општината.
-Со замената на досегашниот систем за греење на нафта значително се намалува загадувањето на животната средина, се овозможува подобра и попрецизна контрола на процесот на греење, а се постигнува заштеда на енергија и финансиски средства – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека во соработка со UNOPS, е реализирана целосна реконструкција и надградба на постојниот систем, со што се обезбедуваат повисоки стандарди за енергетска ефикасност и одржливост.
-Воедно, подобрена енергетска ефикасност, а намалено е и загадувањето – потенцираат од Општина Ѓорче Петров.












