сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Училиштата во Карпош подготвени за новата учебна година 

Училиштата во Карпош подготвени за новата учебна година 

105

Сите училишта на територијата на општина Карпош ги исполнуваат условите за непречено одвивање на наставата од аспект на безбедноста и се целосно подготвени за почетокот на учебната  2025/2026 година.

Ова било констатирано на средбата на градоначалникот Стевчо Јакимовски со директорките на сите основни училишта.

Од Општина Карпош велат дека воедно била утврдена и состојбата на вработените во училиштата, потребата за некои наставници, стручни соработници, како и за административно-технички персонал.

–Училиштата во текот на летните месеци беа бојадисани со еколошка боја, беше реконструирана и електричната мрежа каде што постоеше потреба за тоа, беа поставени нови противпожарни апарати во училишните објекти и беа обновени некои од хидрантските мрежи – информираат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека од овој септември воспитно-образовниот процес во основните училишта низ Карпош ќе се одвива по најсовремени стандарди, за што се обезбедени наменски средства од буџетот.

– Набавени се смарт-панели во сите училници и кабинети, за сите ученици од I до IX одделение. Секое училиште се опреми со нова компјутерска училница за што беа набавени нови 254 компјутери. Поставени се фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија и во рамки на училиштата на сите спортски игралишта е поставена вештачка трева – соопштија од Општина Карпош.

Инаку, овој први септември прв пат во училишните клупи ќе седнат 608 првачиња.

 

ИЗДВОЕНИ