34 годишен македонец ќе биде екстрадиран од Грција во Германија на барање на германските судски органи бидејќи ви февруари годинава бил соизвршител во грозоморно убиство на 81 годишен пензионер. Осомничените кои допатувале во Германија заради службено патување се сместиле како потстанари во куќата на несреќниот старец кои го убиле поради пари. Според германското обвинителство велешанецот и соизвршителите, наводно, го врзале мажот, му ја затвориле устата и го ограбиле, што довело до смрт поради задушување. Мртов во неговата куќа старецот го пронашле роднините два дена по убиството. Случајот ја дигна на нозе локалната полиција во градот Библис, била формирана специјална истражна единица со кодно име „1002“, составена од над 20 полицајци. Отворена е и телефонска линија за потенцијални сведоци кои би можеле да помогнат со информации. Куќата на убиениот старец според германските медиуми била темелно проверена од форензички тим, и биле собрани сите траги со кои ќе се докажува насилната смрт. Обдукцијата потврдила дека мажот најверојатно бил жртва на злосторство и случајот веднаш бил преземен од обвинителството во Дармштат и одделот за кривични истраги во Хепенхајм.
Осомничениот 34-годишен Македонец бил уапсен во мај на граничниот премин Евзони, при рутинска проверка, кога било утврдено дека против него е распишана европска потерница. За екстрадицијата се расправало во Апелацискиот суд во Солун, по испратениот предмет од страна на германските судски власти, дека се бара за за грабеж и убиство на 81-годишен маж во германскиот град Библис. Информацијата беше објавена во престижниот Катимерини.
На судењето од судијата, осомничениот побарал да не биде екстрадиран, тврдејќи дека неговото семејството од Велес полесно ќе може да го посетува ако остане во Грција. Но, грчкиот суд не го прифатил тоа барање и одобрил негова екстрадиција во Германија. (П.А.)