Вчера утрината на преминот Табановце полицијата го уапсила 19-годишниот М.М. од Прилеп кој сакал да избега од државата за да не добие казна.
Полицијата соопшти дека тој учествувал во сообраќајна несреќа која се случила во 6.45 часот по која настанала расправија меѓу него и се скарал со М.Џ.(43) исто така од Прилеп.
М.М. во расправијата го прободел со нож М.Џ. и потоа побегнал. Полицијата го уапсила по 3 часа на граничниот премин Табановце и го вратила во Прилеп.