По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година.
Од Општина Велес информираа дека учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнале наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес.
– Градоначалникот, Марко Колев, ги посети на првиот час и им посака успешен почеток, многу здравје и достигнувања кои ќе им ги отворат патиштата кон нивните соништа – нагласија од локалната самоуправа.












