Основното училиште „Блаже Конески“, на територијата на Општина Аеродром, ќе добие нови 16 училници. В.д. градоначалникот Дејан Митески информираше дека привршува доградбата на ова училиште и најави дека од второто полугодие, учениците ќе можат да ги користат училниците.
– Во училиштето „Блаже Конески“ има најголем прираст на новозапишани ученици во основното образование. Со доградувањето 16 училници, недостигот од простор ќе биде решен – нагласи Митески.
Тој, исто така, наведе дека ќе следува нова фаза на доградба и оти многу скоро, за таа цел, ќе биде распишана тендерска постапка.