Учениците во средното училиште на град Скопје „Кочо Рацин“ сега имаат можност да се вклучат во дополнителни физички активности и рекреација во текот на училишниот ден благодарение на новите спортски реквизити на отворено.
Оваа иницијатива става акцент на посветеноста кон промовирање на здрав начин на живот кај младите луѓе преку подобрување на спортската инфраструктура во нашите скопски средни училишта.
– Со инвестирање во простори кои се безбедни и корисни за спорт, рекреација и дружење, се обезбедува дополнителна содржина за средношколците во рамки на училишните спортски активности со спортските реквизити кои се безбедни, функционални и дизајнирани за секојдневна употреба – потенцират од Град Скопје.