Eвропската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе уште една срамна казна, барем според пишувањата на српските медиуми.
Имено, во Катовице, од трибините неколку пати се слушаа скандирања „Убиј го Србинот“ кога Партизан ја победи Олександрија со 2:0 во првиот натпревар од второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Украинскиот клуб беше пријавен во УЕФА, а Дисциплинската комисија одлучи да ги казни Украинците со 20.000 евра и 500 празни места на стадионот на следниот натпревар и тоа условно на две години. Тоа можеби ќе беше во ред да не беше казнет и ФК Партизан со 25.250 евра за палење факели за време на натпреварот против АЕК.
Очигледно е дека УЕФА им удрила мерак на српските екипи, кои речиси секојагодина „фрлаат“ пари на казни за одредени инциденти. Овој пат со казна се соочи и Нови Пазар. Натпреварот што играчите на Владимир Гаќиновиќ го играа на домашен терен, стадионот беше преполн, но се случија и некои инциденти.
Така, Нови Пазар беше казнет од УЕФА за фрлање предмети на теренот, како и за нарушување на редот на трибините. Поради сето ова, српскиот клуб ќе мора да плати 20.000 евра, додека 1.500 седишта ќе мора да бидат слободни на следниот европски натпревар. Но, не беше казнет само Нови Пазар, туку и гостите од Полска. За кршење на оградата на стадионот, Јагелонија беше казнета со 25.000 евра и забранета продажба на билети за натпревари на гости, суспендирана во период од две години.
На крајот, Партизан обезбеди следна фаза во Конференциската лига, откако славеше и на реванш дуелот против Олександрија, овој пат со 4:0, додека Нови Пазар се прости од европските натпреварувања оваа сезона, запишувајќи го и вториот пораз против Јагелонија.