Познатата спортистка Синди Морван (39) беше убиена во градот Кале, на северот од Франција. Убиството го извршила партнерката на нејзиниот поранешен сопруг, која подоцна си го одзела својот живот.
Безживотното тело на Синди Морван беше пронајдено во петокот, била застрелана во својата зграда. Се верува дека мотив биле љубомората и напнатата врска меѓу двете жени. Сторителката избегала од местото на злосторството и подоцна била пронајден мртва во својот автомобил. Таа извршила самоубиство со истото оружје со кое ја убила Морван, а пронајдено е и писмо во кое таа го признала злосторството и се извинила за своето дело.
Синди Морван му го посвети речиси целиот свој живот на велосипедизмот. Како млада спортистка, постигна успех во јуниорските категории и беше француски шампион. Зад себе остави две деца.











