Убиен руски генерал, еден од клучните офицери на Кремљ

56
screenshot Telegram

Рускиот генерал-полковник Фанил Сарваров (56), еден од клучните офицери блиски до Кремљ, беше убиен во експлозија на бомба во неговото „Киа Соренто“ во московското предградие Јасенево. Сарваров почина на пат кон болница.

Според сведоците, беше потребна голема операција за да се извлече од возилото. Тие рекоа дека тој бил жив во тој момент, но им подлегнал на повредите на пат кон болница.

„Како резултат на здобиените повреди, почина генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на вооружените сили на Русија“, изјави Светлана Петренко, портпаролка на Рускиот истражен комитет.

„SHOT“, руски информативен канал на Телеграм, објави дека под автомобилот Киа Соренто била поставена експлозивна направа и дека детонирала неколку секунди откако автомобилот почнал да се движи.

Според каналот, 56-годишниот генерал претрпел повеќекратни рани од шрапнели, затворени фрактури, рани на ногата и скршена коска на лицето.

РБК потсетува дека Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили од мај 2024 година.

ИЗДВОЕНИ