Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, кој доби затворска казна од три месеци, користејќи тврд предмет налик на стап, во повеќе наврати го удрил Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со парично казнетиот Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.
Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело. Активистите за заштита на животните, кои реагираа веднаш по грозоморното убиство, побараа сторителите да бидат најстроги казнети.
– Ефективна затворска казна е изречена првпат во историјата на Македонија. Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја. Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат. Кога се бориме против неправда тоа има ефект – велат од Зелен Хуман Град и од Здружението „Анима мунди“
Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје беше донесена прва пресуда со затворска казна за кривично дело – убиство на животно. Судот ги прогласи Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски виновни за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.
Според одлуката на Судот, Крстевски доби само три месеци затвор, а на Билбиловски му е изречена парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.
Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски користејќи тврд предмет налик на стап, во повеќе наврати го удрил Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.
Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев. Судијката Петрова го оквалификува делото според член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе усмрти животно без причина или ќе го изложи на непотребни маки и болки.
– Изрекувањето на ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост, особено во контекст на зголемениот број случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните – рече судијката Петровска при изрекување на пресудата.
Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело. Активистите за заштита на животните реагираа веднаш по грозоморното убиство и побараа сторителите да бидат најстроги казнети.
– Монструозниот убиец Љубе Крстевски доби првостепена пресуда со ефективна затворска казна од 3 месеци за грозоморното убиство на Феликс! Ефективна затворска казна е изречена првпат во историјата на Македонија. Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја. Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат. Кога се бориме против неправда тоа има ефект – велат од Зелен Хуман Град и од Здружението „Анима мунди“.
Тие посочија дека адвокатот кој ги бранеше Крстевски и Билбиловски не ни знаел дека постои Законот за заштита и благосостојба на животните.
– Во својот завршен збор изјави: Сепак не е човек, сепак е куче“ – нагласуваат активистите и нагласуваат дека од убиство на куче до убиство на човек има само еден чекор.