сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА „Убавините на Скопска Црна Гора“ ве носи на врвот Ѓафа

„Убавините на Скопска Црна Гора“ ве носи на врвот Ѓафа

156

На 04.01.2026 година, здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ организира искачување до врвот Ѓафа, кој е на надморска височина од 1.068 метри.

– Движењето ќе започне од последната автобуска станица во Стајковци и по Брњарски пат ќе се продолжи кон Страчинскиот Kанал, па нагоре кон ливадите кон Студено и потоа кон Ѓафа – соопштија од здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“.

Стартот на турата ќе биде во 08:30 часот од последната автобуска станица во Стајковци, а дотаму може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број 65в, кој тргнува од Транспортниот центар во 07:45 часот, додека автобус за назад има 15:30 часот.

Се работи за средно тешка тура, која е долга 15 километри, со висинска разлика од 700 метри.

– По патеката ќе се движиме во група и ќе правиме повеќе кратки паузи и една поголема пауза на врвот Ѓафа од каде што ќе имаме поглед кон Скопје од едната страна, а од другата страна кон Куманово во далечина – појаснуваат од здружението.

Од опрема е потребно: разгазени гојзерици, гамашни, кабаница за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според своите потреби, челна ламба.

 

ИЗДВОЕНИ