Убавицата е разочарана, не очекувала дека нејзината врска со Том Круз ќе пропадне

137
EPA/CAROLINE BREHMAN

Не толку одамна, светот беше изненаден од веста дека Том Круз и Ана Де Армас раскинале. Иако актерите не коментираа за раскинувањето, извор близок до двојката нагласи дека нивното „време како двојка истече“.

„Том и Ана се забавуваа одлично заедно, но нивното време како двојка истече. Тие ќе останат добри пријатели, но повеќе не се забавуваат. Сфатија дека е подобро да останат пријатели. Искрите меѓу нив повеќе не постојат, но сепак се сакаат на свој начин. Ана веќе е избрана за неговиот следен филм, па затоа ќе продолжат да работат заедно“, вели извор за Дејли меил.

Сепак, сега се нагласува дека Ана се чувствува разочарана.

„Ана мислеше дека оваа година ќе биде сосема поинаква, па затоа е разочарана“, изјави изворот за „Дејли меил“, додавајќи:

„Но, таа знае дека работите ќе се подобрат и продолжува понатаму. Таа сè уште е пријателка со Том. Таа не седи дома и не плаче“.

Романсата меѓу актерите започна во февруари, а потврда за оваа вест добивме во јули оваа година.

Според изворите, Том не штедел пари за подароци за својата сакана, а медиумите добија информации дека тој потрошил дури 10.000 евра за еден ден за неа.

„Том ја обсипа Ана со подароци уште од самиот почеток, тоа е неговиот стил, тој е внимателен“, изјавил изворот за „Дејли меил“.

ИЗДВОЕНИ