
Италијанскиот калчолигаш Рома сака во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. Во актуелниот договор на крилниот напаѓа има ослободителна клаузула која може да се активира со понуда не помала од 20 мил. евра и затоа челниците на римската „волчица“ сакаат Дибала да потпише нов договор кој ќе биде со важност до 2028 година.