четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ „Убавата Марија“ доби закани со смрт по убиството на Ел Менчо: „Ја...

„Убавата Марија“ доби закани со смрт по убиството на Ел Менчо: „Ја пресече раката што те храни“/ФОТО

169
Фото: mariajulissa13/Instagram/Printscreen

Моделот на OnlyFans, Марија Хулиса, ги негираше обвинувањата дека го издала скривалиштето на водачот на мексиканскиот картел Ел Менчо, но и покрај тоа се соочила со сериозни закани со смрт.

Хулиса се најде во центарот на вниманието откако беше обвинета дека е тајна љубовница која наводно им го открила на властите скривалиштето на озлогласен водач на мексикански картел, каде што бил убиен.

Марија Хулиса, позната по содржините за возрасни на платформата OnlyFans, негираше дека ја информирала полицијата за локацијата на нарко-босот Немесио Осегера Сервантес, попознат по прекарот Ел Менчо, но и покрај ова, таа се соочила со морничави закани со смрт кои наводно ѝ ги испратиле членови на неговиот картел.

Наводните членови на картелот Халиско Нова Генерација (CJNG) закачиле транспарент со директна закана до Хулиса.

„Кучко Марија Хулиса. Ја пресече раката што те храни, ги испрати маринците да го фатат Ел Менчо затоа што ти го украдоа камионот“, пишуваше во пораката, потпишана со иницијалите на неговата банда.

„Убавицата Марија“, како што ја нарекоа светските медиуми, се огласи на својот Инстаграм профил, каде што ја следат 3,5 милиони луѓе, и ги негираше обвинувањата.
„Сакам да бидам апсолутно јасна: немам никаква врска со оваа ситуација“, напиша таа. „Информациите што циркулираат се лажни и неосновани“.

Таа, исто така, ги повика сите да бидат внимателни:

„Ве молам, не споделувајте содржина без проверка и не земајте здраво за готово никакви информации што ги гледате на социјалните мрежи. Дезинформациите можат да предизвикаат многу штета“, додаде таа. „Не наседнувајте на лажни вести и секогаш проверувајте ги информациите со официјални и сигурни извори“.

Хулиса, исто така, ги обвини медиумите за сензационализам и јавно ги критикуваше оние што ја поврзаа со случајот.

И покрај нејзиното негирање и фактот дека властите не го открија идентитетот на жената што ги одвела до локацијата на „Ел Менчо“, тврдењата дека таа била девојка на убиениот водач на картелот продолжуваат да се шират на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Julissa (@mariajulissa13)

Како властите го пронајдоа нарко-босот

Мексиканските власти потврдија дека го пронашле Немесио Осегуера Сервантес, водачот на картелот Халиско – Нова генерација (CJNG), во село во западно Мексико. Ел Менчо беше убиен во престрелката што следеше, а мексиканскиот министер за одбрана Рикардо Тревиља подоцна откри детали за операцијата.

Тревиља објасни како разузнавачките агенти идентификувале и пронашле една од девојките на Ел Менчо до оддалечено одморалиште. Според него, жената отпатувала во Тапалпа, место оддалечено околу 130 километри од Гвадалахара. Таму го сретнала Ел Менчо во саботата, а потоа заминала, оставајќи го во куќата со неговото обезбедување.

Нарко-босот и неговите луѓе биле во планинско скривалиште кога специјалните сили на Националната гарда пристигнале во неделата. Тревиља рече дека акцијата била спроведена со координирана копнена и воздушна операција.

Убиството на Ел Менч предизвика бран насилство низ целата земја. Во хаосот што следел загинале најмалку 73 лица, а застрашувачките снимки го откриле обемот на уништувањето. Најмалку 9.500 војници биле распоредени за да ги смират судирите што избувнале.

ИЗДВОЕНИ