вторник, февруари 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Убава вест од Брисел: Професионалните возачи ќе можат да влегуваат во Шенген...

Убава вест од Брисел: Професионалните возачи ќе можат да влегуваат во Шенген зоната без да им се бројат деновите за престој!

152

Македонските професионални возачи го поздравуваат начинот на кој претставниците на Европската Комисија размислуваат за надминување на постојниот проблем што го имаат при патување и престој во Шенген зоната.

-Го поздравуваме размислувањето на ЕК и професионалните возачи од Македонија и од другите земји од Западен Балкан што не се во Шенген, да се изедначат со екипажите во железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај. Тоа е нешто што најлесно би се спровело и не би ги оптоварило превозниците со вадење на мулти визи, како што претходно беше најавувано. Тоа значи дека професионалните возачи ќе можат да влегуваат во Шенген зоната без да им се бројат деновите – вели за весникот ВЕЧЕР, Билјана Муратовска, генерален секретар во Асоцијацијата „Макам-транс“.

Таа очекува процесот да се заврши, а во меѓувреме очекува ЕК да даде насоки на сите земји-членки во Шенген да не ги казнуваат возачите ако ги надминат деновите за престој.

(С.Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ