недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Уапсени уште четири лица за грабежот во Лувр

Уапсени уште четири лица за грабежот во Лувр

89
EPA/Mohammed Badra

Двајца мажи и две жени беа уапсени денес во парискиот регион во врска со грабежот на музејот Лувр во Париз, вклучувајќи еден маж од градот Обервилиер за кој се верува дека директно учествувал во грабежот заедно со тројца претходно уапсени мажи.

Според „Фигаро“, мажот е во притвор во Париз, додека обвинителството соопшти дека е обвинет за организиран грабеж и криминално здружување.

Весникот „Паризиен“ објави дека мажот претходно ѝ бил познат на полицијата.

ИЗДВОЕНИ