четврток, февруари 5, 2026
Дома МАГАЗИН Уапсено е лицето кое е осомничено за фрлена бомба врз куќата на...

Уапсено е лицето кое е осомничено за фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

243

Доцна синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е уапсено лицето С.М. (родено 1993 година), кое е осомничено за сторено кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Истиот тој предизвика општа опасност со фрлање на разорна рачна бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во белградската населба “Дедиње“.

Српската полиција исто така соопшти дека во тој момент сабајле околу 4 часот во куќата не бил Здравко, туку само неговата сопруга и помалата ќерка. Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, како што е наведено во соопштението, изјави дека апсењето на виновникот-натрапникот го извршиле припадници на МВР на Србија, Полициската управа на градот Белград и Управата за криминалистичка полиција, а во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносно-информативната агенција.

 

ИЗДВОЕНИ