Уапсени сосопствениците на швајцарскиот бар каде што во пожар загинаа 40 лица

210
EPA/ALESSANDRO DELLA VALLE

Жак Морети и неговата сопруга Џесика, сосопственици на швајцарски бар каде што 40 лица загинаа во пожар на новогодишната ноќ, се уапсени и се задржани во притвор, изјавија полициски извори за локалните медиуми.

Во пожарот во кафулето „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана повредени се 116 лица, од кои многумина биле под 20 години.

Порано оваа недела, медиумите објавија дека ресторанот во познатиот ски-центар не ја поминал безбедносната инспекција пет години.

Швајцарските обвинители започнаа истрага против Жак Морети и неговата сопруга Џесика, француска државјанка.

Како сосопственици на барот, двајцата се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди и предизвикување пожар од небрежност, соопшти обвинителството во Вале.

Обвинителите рекоа дека веруваат дека пожарот започнал кога луѓето за време на новогодишните прослави кренале шишиња шампањ со прицврстени прскалки, што ја запалило изолационата пена на таванот на барот.

Во петокот низ цела Швајцарија беше одржано едноминутно молчење во спомен на жртвите.

Потоа црковните ѕвона биеја пет минути.

Возовите и трамваите запреа, а аеродромот во Цирих накратко ги прекина операциите.

Во Кран-Монтана, локалните пожарникари беа пречекани со стоечки овации.

ИЗДВОЕНИ