Уапсени две лица во Чаир, лажно се претставувале како набљудувачи на изборниот процес

39

Две лица, Ф.Е. (35) и Н.Е. (44), се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет, соопшти МВР.

Според МВР, лицата не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето. Тие одбиле да се легитимираат при контролата од страна на службениците.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ