Двајца млади скопјани се уапсени поради сомнение дека предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 2:20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на паркинг – простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“, на подрачје на општина Аеродром, биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп, се појаснува во соопштението на МВР.
Пожарот бил изгаснат во 2:50 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
– По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица – Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на булеварот „АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц. и И.Ц., на возраст од 23 и 24 години, двајцата скопјани, се додава во соопштението.
Се потенцира дека тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.