Властите во Јута денес соопштија дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека поставиле бомба под медиумски возила во Солт Лејк Сити, каде што се собираат многу новинари на бдеењето за американскиот патриот Чарли Кирк.
Полицијата и противпожарните единици за деактивирање бомби реагираа во петокот на сомнителна направа пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда.
Истражителите утврдија дека бомбата била активирана, но не дошло до детонација, објави АП.
ФБИ идентификуваше двајца осомничени и издаде налог за претрес на куќа во населбата Магна западно од центарот на градот, а мажите, на возраст од 31 и 58 години, беа уапсени и се соочуваат со обвиненија за нелегално поседување оружје и упатување терористички закани.
Соседните домови беа евакуирани за време на претресот, во кој беа пронајдени експлозиви, огнено оружје и нелегални наркотици и други прибори, а властите велат дека пронашле и најмалку два направи за кои се покажа дека се „лажно оружје за масовно уништување“. Мотивот за двајцата осомничени сè уште не е познат.