недела, февруари 8, 2026
Дома СВЕТ Уапсени 20 лица во 12 земји поради поседување детска порнографија

Уапсени 20 лица во 12 земји поради поседување детска порнографија

55

Глобалната полициска организација Интерпол денеска објави дека 20 лица се уапсени во Европа и Северна и Јужна Америка, по прекугранична операција во 12 земји чија цел беше материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Операцијата, предводена од шпанската полиција, започна кон крајот на минатата година, откако полицајците идентификуваа групи за пораки каде што криминалците споделуваа фотографии од сексуална експлоатација на деца, пренесува АП.

„Шпанските власти уапсија седуммина осомничени, меѓу кои и еден здравствен работник и еден наставник“, соопшти Интерпол.

Здравствениот работник наводно им плаќал на малолетници во Источна Европа за експлицитни слики, додека наставникот бил обвинет за поседување и споделување материјал за сексуална злоупотреба на деца преку различни онлајн платформи.

Властите во Латинска Америка уапсија 10 осомничени во седум земји, меѓу кои тројца во Ел Салвадор и еден наставник во Панама, додека останатите осомничени беа уапсени во други делови на Европа и САД.

Досега се идентификувани дополнителни 68 осомничени, а истрагата е во тек, соопшти Интерпол, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ