Уапсена Шакира од БиХ, „кралицата на џепчиите“ во Италија

1413
Screenshot/instagram/comitatonondistratti

Шакира, една од најозлогласените џепчии во Италија, беше уапсена во саботата во центарот на Венеција додека ги следела туристите во една од најпопуларните туристички атракции во градот.

Прво била забележана, а потоа приведена од членови на „Non distratti“, граѓанска група која со години се бори против џепчиите кои го нарушуваат угледот на Венеција. Тие веднаш ја однеле во најблиската полициска станица.

Шакира, по потекло од Босна и Херцеговина, се смета за една од најактивните џепчии во северна Италија, а позната е и како „кралица на џепчиите“. Таа има повеќе од 65 кривични досиеја во своите 20-ти години, од кои повеќето се однесуваат на кршење на наредбите за протерување од одредени области. Патем, неколку италијански региони ѝ забраниле престој таму. Исто така, ѝ е забранет влез во Венеција, што членовите на групата „Non distratti“ го знаеле.

Прво ја фотографирале, а потоа ја однеле во најблиската полициска станица. Таа не е обвинета за џепарење, туку за кршење на превентивна мерка издадена од Надзорниот суд во Венеција минатиот февруари.

Мерката, издадена согласно Законот против мафијата, ја идентификува како опасна личност и ѝ наредува да не стапне во Венеција.

Патем, станува збор за закон кој беше изменет во 2023 година и овие измени воведоа построги безбедносни мерки за борба против криминалот, особено кај младите луѓе. Прекршувањето на оваа мерка е казниво со затвор од една до пет години.

Од 65-те кривични пријави против неа, само неколку од овие случаи досега се решени.

ИЗДВОЕНИ