Уапсена осомничена за смртни закани кон Ана Брнабиќ!

34
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

А.О. (26) од Белград е уапсена бидејќи телефонски и испратила заканувачка порака на претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ.

Откако Брнабиќ ги известила надлежните институции дека добила заканувачка порака од непознат телефонски број, по наредба на дежурниот јавен обвинител во Првото основно јавно обвинителство во Белград, инспектори од белградската полиција го утврдиле идентитетот на лицето кое ја испратило заканувачката порака, соопшти Првото основно јавно обвинителство.

Осомничената А.О. (26), наводно е приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Осомничената во рок од 48 часа во просториите на Првото основно јавно обвинителство во Белград ќе биде сослушана за околностите на кривичното дело за кое се товари, по што јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошна постапка, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ