Поранешниот американски кошаркар Шон Кемп (55), некогаш голема ѕвезда на Сиетл суперсоникс, е осуден на еден месец домашен притвор и 240 часа општествено корисна работа заради неговата вмешаност во пукањето во трговски центар во Такома во 2023 година.

Кемп се изјасни за виновен за време на судењето во мај и беше осуден во петокот. Кемп пукаше кон автомобил со двајца мажи кои му го украдоа мобилниот телефон, спортски сувенири и други лични предмети од неговиот пикап. Тој ги пронајде крадците следејќи го сигналот од неговиот мобилен телефон, а на судењето рече дека пукал во самоодбрана.

  • Требаше да постапам попаметно. Едноставен повик до полицијата дефинитивно ќе ја решеше ситуацијата, призна Кемп.

Никој не беше повреден за време на инцидентот. Кемп беше шесткратен Ол-стар и трикратен избор во вториот тим на НБА. Во 1996 година стигна до финалето на НБА со тимот на Сиетл суперсоникс.

ИЗДВОЕНИ