Уапсена банда џепџии во Италија, сите од БиХ – “заработувале“ повеќе од фудбалерите

31

Во голема операција на италијанските карабинери, беше разбиена добро организирана мрежа на џепчии кои со месеци ги тероризираа најпрометните делови на Венеција.

Уапсени се 23 лица, од кои повеќето се државјани на Босна и Херцеговина.

Според италијанските медиуми, станува збор главно за млади жени – повеќето од нив под 27 години – кои дејствувале на локации со најголем прилив на туристи, како што се Пјацале Рома, железничката станица Санта Лучија, станицата Местре, но исто така и во возови и автобуси.

Истражителите велат дека некои членови на групата заработувале до 2.500 евра дневно, бројка што, според „Ла Верита“, ги надминува приходите на повеќето професионални фудбалери во Серија А.

Акцијата е резултат на месеци надзор и следење на движењата на сомнителните групи. По апсењата, истражната судијка Леа Акампора издаде мерки за забрана на барање на обвинителството во Венеција.

Истрагата документира најмалку 32 кражби со вкупен плен од околу 50.000 евра, додека се проценува дека вистинскиот број на кражби е многу пати поголем.

Особено загрижувачки е фактот што малолетници, некои на возраст од само 14 години, учествувале во кражбите. Според истрагата, млади девојки извршиле најмалку 150 кражби само во историскиот центар на Венеција.

Карабињерите, исто така, опишуваат брутална внатрешна хиерархија во рамките на криминалните групи. Бремените жени биле принудувани да крадат, а на девојките им се заканувале ако не донесат доволно пари. Физичкото насилство и заплашувањето биле составен дел од нивната „дисциплина“.

Обвиненијата опфаќаат широк спектар на кривични дела: од сериозни кражби и прикривања, до физички напади, до перење пари и фалсификување картички.

Истражителите истакнуваат дека ова е добро воспоставена, организирана структура што ги претворила улиците на Венеција во „место на секојдневни кражби“.

ИЗДВОЕНИ