Тетовската полиција, во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја уапсија А.Ј.(23) од Скопје.
Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје.
Исто така, таа измамила е едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид. Додека, по остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово, кои пак во координација со Единицата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот била лишена од слобода.
А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.












