среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во „Идризово“

Уапсен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во „Идризово“

94

Во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово денеска е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полцијата.

 

ИЗДВОЕНИ