Четириесет и осумгодишен жител на струмичко село бил уапсен вчера, откако бил пријавен дека истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга. Истиот претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата, соопштија од полицијата.
Мажот е задржан во полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.












