Мајкл Џејмс Прат (42), сопственик на озлогласената порно-веб-страница GirlsDoP-rn, е осуден на 27 години и три месеци затвор.
Федералните обвинители изјавија дека Прат и неговите сообвинети регрутирале стотици жени, многу од нив на возраст од 18 до 21 година, во хотелски соби со лажни реклами за модели, а потоа ги принудувале да извршуваат сексуални дејствија пред камера.
Жртвите, околу 40 од нив, сведочеа на суд за тоа како биле отфрлени од нивните семејства, како го напуштиле училиштето и како се обиделе да се самоубијат откако видеата биле објавени на интернет.
- Ти си ѓавол. Ти си предатор. Ти си силувач, му рекла една од жртвите на Прат.
Прат, кој заработил повеќе од 17 милиони долари, избегал од Соединетите Држави во 2019 година и бил ставен на листата на десетте најбарани лица на ФБИ пред да биде уапсен во Шпанија.