Уапсен осомничен за убиство на жена во Србија: Го криел телото во замрзнувач

57

Полицијата во Лесковац го уапси Д. Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува Telegraf.rs.

Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот партнер, Далибор Демировиќ, веднаш беше осомничен за нејзиното убиство.

Во времето на бегството, Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело. Се претпоставува дека ја извадил алката и избегал со црвен автомобил, поради што полицијата започна обемна потрага во која беа вклучени и бројни локални жители.

Тој завршил во домашен притвор поради напад врз службено лице, односно полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од терасата. Сепак, мештаните се сомневаат во таа верзија.

ИЗДВОЕНИ